Македонија
17. October 2018 - 17:43

Нормализиран сообраќајот на патот Штип - Радовиш

Сообраќајот на патниот правец Штип – Радовиш кај месноста викана Пилав тепе е повторно нормализиран, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Патниот правец беше во прекин од 15:30 часот поради минирање.