Македонија
2. September 2015 - 18:18

Нормализиран сообраќајот на патот Куманово-Свети Николе

Сообраќајот на патниот правец Куманово-Свети Николе попладнево во 17:00 часот е нормализиран, информираат од АМСМ.

Поради пожар кај местото Мездра, помеѓу селата Ѓуѓанци и Павлешинци, сообраќајот беше во прекин од 15:30 часот, на патниот правец Куманово-Свети Николе.

Огнената стихија зафати борова шума и стрниште во близина на патот.