Македонија
14. јуни 2017 - 21:26

Нормализиран сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка

Сообраќајот на патот Куманово - Крива Паланка е нормализиран откако денеска беше во прекин поради сообраќајна незгода, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајната незгода се случи кај селото Орах каде се преврте товарно моторно возило натоварено со дрва при што беа повредени две лица.