Нормализиран сообраќајот на патниот правец Катланово - Велес
Сообраќајот на патниот правец Катланово - Велес е нормализиран, карпата која беше на брзата коловозна лента на 3км од наплатната станица Сопот е одстранета и сообраќајот се одвива по две коловозни ленти, соопшти АМСМ.
На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.
Поради одрони на пат на Виничка раскрсница помеѓу с.Истибања и с. Калиманциблокиран е сообраќајот во двата правца. Сообраќајот се пренасочува преку Виница.
Општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
Eкипи на Ј.П. Македонија пат ги расчистија свлечиштата на патниот правец Кочани – Делчево. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај.
Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево.
Ново на Сител
-
Во сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
-
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
-
Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
-
Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода
-
Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“
-
Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот
-
Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин
-
Ведро и студено, преку ден сончево