-->
-->
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип, кај клучка за Пробиштип
-->
Во 3.25 часот сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип, кај клучка за Пробиштип е нормализиран, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Поради сообраќајна несреќа, од 00:20 часот сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип, кај клучка за Пробиштип беше во прекин за сите видови возила.
АМСМ информира дека поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес - Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин и денеска, во периодот од 8:00 до 18:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот