Нон-пејпер: Ново англо-американско пратнерство за Западен Балкан по неуспехот на Брисел
Членството во НАТО е најголемиот историски успех на Северна Македонија и граѓаните на земјата треба вниматело да изберат што сакаат – политичка дестабилизација од страна на Русија и кинески предаторски инвестиции, или демократија, владеење на правото и силни западни инвестиции.
Ова беше заклучокот од вчерашната презентација на најновиот нон-пејпер (нацрт-политичка програма) на Американско-европската алијанса од Вашингон за новото англо-американско пратнерство на Западен Балканот.
Проширувањето на ЕУ со нови членки од Западен Балка засега е закочено и француското вето најверојатно нема да биде подигнато, покрај гласните настојувања на германската канцеларка Ангела Меркел, поранешниот претседателот на ЕУ, Доналд Туск, и поранешниот претседател на ЕК, Жан Клод Јункер, се вели во нон-пејперот.
-Одлуката на (францускиот претседател) Емануел Макрон да го запре проширувањето на ЕУ дојде во посебно важен период за Западен Балкан. Се отвари политички и безбедносен вакум во овој стратегиски важен регион. Сили противнички на трансатланстките интереси и вредности сега ефективно ќе го пополнат тој вакум, изјави Ричард Крамер, претседател на Американско-европската алијанса.
-Сепак, најголемиот историски успех на Северна Македонија е членството во НАТО, и тој успех треба да се цени бидејќи се работи за обезбедени граници и внатрешна стабилност, истакна Крамер во интервју за МИА кое интегрално ќе биде објавено.
Тие истакнаа дека Лондон и Вашингтон треба да покажат проактивна улога во Западен Балкан по неуспехот тоа да го стори Брисел. Алијансата предлага англо-американски здружени сили со активна и силна програма за воено и економско утврдување на НАТО сојузниците и демократиите во Западен Балкан.
Некои од целите на англо-американското партнерство за Западен Балкан се приоретизирање на подлабока билатерална поддршка за новите НАТО членки, Црна Гора и Северна Македонија, како и значајно финансирање за обука и воена опрема за армијата на Босна и Херцеговина.
Обезбедување на инвестициски алтернативи на предаторските заеми нудени од Кина, диверсификација на снабдување со енергенси со нови постројки за течен приороден гас на главните пристаништа и приклучок на регионот на постоечките гасоводни проекти како ИстМед. Како и реализација на целосно признавање на независноста на Косово.
Панел дискусија и презентација на нон-пејперот на алијансата за англо-американската подршка за Западен Балкан, беше во организација на Обединета македонска дијаспора и Консултативниот совет за БиХ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден