Балкан
31. May 2023 - 8:27

Ноќта на северот на Косово помина мирно, Србите од утрово повторно се собираат

На северот на Косово ноќта помина мирно, пренесе „Танјуг“.

Помала група граѓани во текот на целата ноќ беше присутна пред зградата на општина Лепосавиќ, а утрово почна собирот на граѓани во Звечан.

Припадниците на КФОР утринава поставија жилет-жица на претходно поставените огради во близина на зградата на општина Звечан, а таму се уште се присутни специјалните единици на Косово.