Нојер ќе брани за Баерн до 2026-та
Голманот на Баерн, Мануел Нојер следниот месец ќе наполни 39 години, но нема намера да се пензионира.
Славниот германски голман потпиша нов едногодишен договор со баварскиот гигант, што значи дека ќе има 40 години кога ќе истече на 30 јуни 2026 година.
Неговиот стар договор истече во јуни и на почетокот на годината најави продолжување на соработката, која беше официјализирана во понеделникот.
„Мануел Нојер го продолжи договорот со клубот до 2026 година“, објави Баерн на социјалните мрежи и на клупскиот портал.
По тој повод се огласи и спортскиот директор на Баерн, Макс Еберле.
- Мануел Нојер е најдобриот голман во својата генерација и икона на Баерн. Кога зборувате за голман во наше време, зборувате за Мануел Нојер, и тоа ширум целиот свет, рече Еберле.
Нојер во славниот клуб од Минхен пристигна во 2011 година од Шалке. Со Баварците 11 пати беше германски шампион (11 последователни сезони од 2013 до 2023 година), пет пати го освои Купот на ДФБ и двапати Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"
-
Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините
-
Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Велешанец во Аеродром пробал да ја силува во возило, побегнал откако таа го мавала со раце и нозе и гласно викала за помош
-
Мицкоски на седница ќе предложи супер-маркетите јавно на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите