Националниот Ромски Центар промовираше документарни филмови изработени на летниот камп „Буверо“
Учесничките на кампот „Буверо“ (Школка) и организаторите - Националниот Ромски Центар синоќа во Куманово ги промовираа трите документарни филмови. Филмовите ги изработија 12 млади Ромки - учеснички на кампот.
- На кампот што беше организиран во август минатата година учесничките ги избраа темите. Еден од филмовите се однесува за пејачот Ерџан, вториот се однесува за животот на младите ромски девојки, а третиот е насловен „Ромска софра“, посветен на ромската кујна, изјави Славица Ќурчинска од Националниот Ромски Центар.
Промоцијата на документарните филмови го покажува талентот на младите Ромки, кои минатата година се обучуваа за новинарство и креирање документарни филмови, но се стекнаа со вештини за полесна социјална инклузија, како и со знаења кои понатаму ќе им користат за нивното понатамошно образовно надградување.
- И годинава планираме да реализираме летен камп на кој ќе учествуваат и девојки од соседните држави. Ќе обработуваме теми за ромската култура, традиција и историја, ќе работиме на теми од социјалниот живот и соживот на младите Ромки во заедниците, рече Ашмет Елезовски, директор на НРЦ.
Проектот е финансиски поддржан од програмата „Европа за граѓаните“ на Европската унија.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет
-
Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор