Ципрас ќе се фокусира на преговорите за долгот на Грција
Преговорите за долгот на Грција ќе бидат на врвот на агендата на новоизбраниот грчки премиер Алексис Ципрас, коментираат извори од Сириза.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, аналитичарите коментираат дека Ципрас и неговата левичарска партија Сириза „изненадувчки лесно“ однесоа убедлива победа на вчерашните избори, кои докажаа дека гласачите го оставија настрана неговиот „драмски пресврт“ за меѓународната финансиска помош на Грција и му дадоа втора шанса да ја води економијата кон закрепнување.
Сириза уште синоќа соопшти дека планира да коалицира со ултраденичарската партија Независни Грци, која му беше партнер на Ципрас и во претходната влада, откако победи на јануарските избори.
Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц веднаш ја стави под знак прашање одлуката на Ципрас повторно да коалицира со Независни Грци.
Во изјава за француското радио „Интер“, Шулц рече дека не може да ја сфати одлуката на Ципрас да ги донесе Независни Грци, кои освоија помалку од четири отсто од гласовите, назад во владата.
- Му се јавив на Ципрас вторпат за да го прашам зошто ја продолжува коалиција со оваа чудна, екстремно десничарска партија. Не ми одговори многу. Тој е многу паметен, особено по телефон. Ми кажа работи што изгледаа убедливи, но кои во крајна линија во моите очи се малку бизарни, изјави Шулц.
Во грчкиот Парламент по вчерашните избори влегуваат осум партии, а Унијата на центристите првпат од своето формирање во 1992 година доби пратеници и тоа девет места. Од друга страна Национално единство на Лафазанис не успеа да го помине прагот од три проценти за влез во парламентот.
Во новиот грчки парламент Сириза ќе има четири места помалку, а Нова демократија едно помалку. Неофашистичката Златна зора, која е цврсто на третото место, успеа да освои еден пратенички мандат повеќе. Потами претрпе значителна загуба и ќе има шест места помалку, а Независни Грци останаа без три мандати. Комунитичката партија ќе има ист број пратенички места, како во претходниот парламент, a ПАСОК четири масндати повеќе.
Ново на Сител
-
Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО
-
До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка, вели Дурмиши
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа