-->
-->
Момче и девојка тешко повредени во две сообраќајки во Скопје
-->

Вчера во 12.35 часот во ЕИК Скопје, А.Ф. пријавила дека на ул. „Васил Ѓоргов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.З. (33) од Скопје. Во незгодата А.З. се здобил со тешки телесни повреди. Истиот бил пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
Ноќеска во 01.00 часот во Скопје, на крстосницата од ул. „Владимир Полежановски“ и ул. „Адолф Циборовски“ се случила сообраќајна незгода во која К.С. (24) од Охрид, управувајќи патничко моторно возила „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрво. По незгодата, со возило на брза помош, сопатничката М.М. (25) од Скопје била пренесена во Ургентен центар Мајка Тереза, каде од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рускиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Кина
-
За осум часа 128 сообраќајни прекршоци на територија на СВР Скопје
-
Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност
-
Русија во текот на ноќта соборила 36 украински дронови
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека 40 минути
-
Вујко убил внук и татко на внук по што се самоубил во Прилеп
-
Венчавка на младенците на Галичката свадба
-
Сончево и топло, максимална температура до 38 степени