Хорор: Тројца мигранти силуваа девојче (15) во грмушка
Тројца азиланти два пати силувале тинејџерка (15) во Тулн.
Девојчето на пат кон дома било престретнато од тројца мажи кои ја одвлекле во грмушките каде сите тројца по двапати ја силувале. Несреќното девојче дури во едне момент успеало да им побегне на силвуачите, но тие набрзо пак ја фатиле.
Таа дури утредента собрала храброст и на една роднина и признала што се случило, по што била пренесена во болница, и случајот е пријавен во полицијата во Тулн.
Според извештаите на полицијата во Долна Австрија сторителите на ова гнасно дело најверојатно се азиланти. Поради тао обвинителството побара да се направи ДНК анализа на 60 мажи од блискиот камп за азиланти. Резултатите од анализата може да се очекуваат во наредните две недели.
Овој сексуален напад се случил на 25 април но истражителите поради истрагата ги држеле информациите во тајност. Овој случај потсетува на бескрупулозното силување на млада студентка која тројца азиланти ја нападнаа во јавен тоалет во виенскиот Пратештерн.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот
-
Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе, меѓу жртвите има и малолетни лица | ВИДЕО
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари