-->
-->
Груевски: Кога и да се случило некој тежок момент во Македонија, јас сум бил тука со овој народ
-->

Јас никогаш не сум бегал во никакви добри или лоши моменти, јас често сум патувал и тоа е точно и економски и политички патувања, некогаш ќе се поклопат тие настани со некои настан кои е значаен во Македонија и веднаш сум наоѓал начин да се вратам изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Топ Телма на Телевизија Телма.
-Тоа се случи и лани кога се случија поплавите, јас го прекинав одморот и веднаш се вратив, за да помогнам со моето искуство колку што можам, а инаку кога и да бил некој тежок момент во Македонија јас сум бил тука. Истото се случуваше и со кумановските настани јас тука бев во Македонија и кога се случија настаните кај Смилковското езеро и синоќа бев тука, со авион кој прв полета за кај нас, вели Груевски.
Тој истакна и дека во моменти кога ВМРО-ДПМНЕ имаше 50 пратеници во собранието ги информираше граѓаните дека не може да очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги одбрани интересите на државата и на народот и народот увиде дека треба да си ја брани државата и народот шеесет дена го правеше тоа излезе надвор и шеесет дена како никогаш до сега толку долго и толку интензивно излегуваше и испраќаше пораки дека не се согласува со тоа што го прави Заев и дека тој прави изборна измама и дека тоа не му беше соопштено во текот на кампањата, истакна Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска