Maкедонска Каменица му оддаде почит на бранителот Миле Јаневски-Џингар
Македонска Каменица денеска му оддаде почит на бранителот Миле Јаневски-Џингар, кој заедно со уште седум припадници на единицата Волци во 2001 на денешен ден беа масакрирани кај Вејце.
Пред спомен-обележјата на Јаневски се поклонија и цвеќе положија членовите на семејството Јаневски, неговите пријатели, колегите од едницата Волци, претставници од општина Македонска Каменица, од институции и здруженија на граѓани.
За сопругата и синот на Јаневски времето не ја лекува болката по сопругот и таткото.
- Еве 16 години истото прашање. Сите велат дека времето лечи се, но лага е, раните остануваат и никогаш не се залекуваат. Шеснаесет години и се е исто, болката не поминува, рече Оливера Јаневска, сопруга на Јаневски-Џингар.
Градоначалникот на општина Македонска Каменица Дарко Митевски истакна дека Македонска Каменица никогаш нема да го заборави Јаневски.
- Жалам што поради актуелната состојба во Собранието на Република Македонија откажани се активностите кои традиционално се одвиваа на овој ден со презентација на вежби од страна на Волците и на националната гарда. Сепак, ние како општина достојно го одбележуваме овој ден. Малите општини немаат секогаш можност да имаат големи херои, но ние како општина го имаме Миле Јаневски-Џингар. Во негова чест СОУ од нашиот град го носи неговото име, исто така и една улица во градот, организираме меморијален турнир на овој ден во негова чест, а изминатиов период поставивме и три бисти со ликот на Јаневски. Можам да кажам дека во секојдневното живееење, името на Миле Јаневски-Џингар е живо и е длабоо врежано во сите нас, рече Митевски.
Каменичката гимназија каде учат 160 средношколци денеска го одбележува и патрониот празник.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито