-->
-->
Анчелоти: Судењето беше криминално
-->
Лут и разочаран беше тренерот на Баерн Минхен, Карло Анчелоти, по судискиот грабеж, во четвртфиналниот реванш во Лигата на шампионите, против Реал во Мадрид.
Реал возвратниот натпревар го доби по продолженијата, во кои два гола постигна Кристијано Роналдо, но и двата беа од недозволени ситуации, кој унгарските судии на чело со Виктор Кашаи не ги санкционираа.
„Задоволен сум од начинот на кој моите играчи го одиграа натпреварот. Се беше одлично, со исклучок на судијата. Жално, бидејќи натпреварот беше фантастичен. Горд сум на своите момци, дадоа се од себе, дури и повеќе од тоа, а тогаш се случи она што се случи. Судијата го уништи натпреварот. Не се согласувам со теориите дека некој од Реал има удел во она што се случи. едноставно судиите беа лоши. Не сум од оние кои ја поддржуваа технологијата во фудбалот, но по овој натпревар ја сакам технологијата. По мечот разговарав со Зидан и тој ми призна дека судењето беше криминално“, рекол Анчелоти.
Зидан, некогашниот асистент на Анчелоти во Реал, кога новинарите го прашале да ја коментира изјавата на Италијанецот, негирал дека воопшто му рекол такво нешто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени