Хуманитарна аукција за децата од Дневниот центар на ХОПС
Невладината организација ХОПС и Мрдни со прст вчера организираа хуманитарна аукција од која собраните средства се наменети за децата кои доаѓаат во центарот за ресоцијализација и рехабилитација во ХОПС.
На аукцијата, на која се продаваа слики од македонски уметници, се собрани 295.692 денари.
Хуманитарната аукциска вечер беше наменета за децата чии родители се корисници на дроги и сексуални работници.
- Вечерва имаме уметнички дела на наши уметници и дизајнери, но и дрес од Горан Пандев, бидете подготвени да се наддавате бидејќи на дечињата од ХОПС им е потребна нашата помош“, повика Сашко Коцев во преполната Јавна Соба на почетокот на јавната аукција.
Христијан Јанкулоски, извршниот директор на ХОПС се заблагодари на сите присутни за нивното „мрдање со прст“ за проблем кој многу дечиња ќе ги оставеше без потребната грижа.
- Како недостиг на финансии имавме голема потреба да мрднeме со прст и да направиме хуманитарна аукција со цел децата да продолжат да доаѓаат во Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС, каде ќе продолжат да разговараат со својот психолог, да работат со својот педагог, ќе комуницираат со социјалните работници, ќе изработуваат креативни изработки, ќе го развиваат својот креативен ум, а воедно ќе им овозможиме повеќе социјални активности и посети на културни настани, изјави Ирена Мила од ХОПС.
Ново на Сител
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата