-->
-->
Георгиевски: Панчевски двапати ме „превесла“, ако нешто знае за мене, нека објави!
-->

Човекот наведе еден куп небулозни настани што воопшто не постојат и немам ништо друго да додадам, вели лидерот на ВМРО-НП.
Во последните десетина дена добив неколку непринципиелни напади од адвокатот Игнат Панчевски. Па за да не остане некаква забуна еве да одговорам. Прво, човекот наведе еден куп небулозни настани што воопшто не постојат и немам ништо друго да додадам освен сè што има компромитирачко за мене нека го предаде на институците, а може и јавно да го објави.Но ќе се задражам на две работи.
Точно е дека во време на судењето во Хаг ,Панчевски со еден негов парнер дојдоа да ми понудат докази како одредени НАТО земји учествувале во борбата против Македонија. За тоа им исплатив околу дваесет и пет илјади евра и не добив ништо. Некакви писма на лош англиски божемни шифри и еден куп на фалсификат документи. Впрочем, истите тие може и денеска да ги објави ако не друго од историски аспект да ја расчистиме 2001.
Паралелно со тоа ми понудија докази за банкарски сметки на Бранко Црвенковски и Хари Костов, јас им ги платив, „Фокус“ ги објави.
Веродостојноста ја заклучив врз основа на фактот што тие двајцата, Панчевски и неговиот партнер, во истото време ми организираа средба со Верушевски за која ја имам веке информирно јавноста.
Мислам дека за сега е доволно!
(статус на Фејсбук на Љубчо Георгиевски)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково