Милошоски: Не може започната расправа да биде прекината само затоа што на Заев му се брза да го испорача она што го ветил
Имаме еден обид за насилно и неделовничко однесување во Собранието од оние кои што три години не учат на демократија, на слобода на говор, на пресумпција на невиност, само затоа што имаат ограничен временски рок кога треба Заев да го испорача она што го вети, истакна на денешната Собраниска седница, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Вели дека Деловникот треба да биде жртва поради амбициите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев да стане Претседател на Владата.
-Сега Деловникот треба да ја плати цената за неговата политичка амбиција од аболициран криминалец да стане Претседател на Владата. Никој нема против никого да има амбиции, ниту за оние кои се аболицирани, ниту за оние кои не се аблолицирани. Не може тука деловникот да биде жртва, и слободата на говорот на пратениците избрани од народот да биде помалку важна од изборите и од изборната демократија, а најважно да биде тоа што е договорено по изборите, посочи Милошоски.
Тој ги праша пратениците на СДСМ како можеле пред изборите да ветуваат едно, но по изборите да поддржат Платформа која е потпишана во друга држава.
– Како може пред изборите да ветувате една програма, а после изборите ги измамивте сите граѓани и се договарате за една уцена потпишана и заверена во друга држава?, праша Милошоски.
Пратеникот смета дека Собранието мора да го почитува Деловникот без разлика тоа што некому му се брза да ја испорача, како што вели, ветената Платформа која што е уцена за некој да стигне на власт.
-Сметам дека без разлика на обидите да се создаде само поголема тензија и да се оди преку политичко или неделовничко насилство треба сите да постапуваме според Деловникот кој што важел од основањето на ова Собрание па до денес. Не може започната точка и започната расправа да биде прекината само затоа што на некого му се брза да ја испорача ветената платформа која што е уцена за некој да стигне на власт, мамејќи ги граѓаните и носејќи ги до еден свршен чин пред еден проект кој што е штетен за државата, а не бил предмет на изјаснување на граѓаните на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија
-
Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ
-
Израелската армија издаде наредба за евакуација на Балбек
-
Почна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди од повикот објавен во февруари годинава
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи