-->
-->
НЦАА: Северна Каролина подобра во финалето од Гонзага
-->
Кошаркарите на Универзитетот Северна Каролина ја освоија титулата во НЦАА лигата откако ноќеска во финалето на „фајнл форот“ ја совладаа Гонзага со 71:65. Првото полувреме го доби екипата на Гонзага со 35:32, а во вториот дел Северна Каролина беше подобра со 39:30. За Северна Каролона ова е вкупно шеста титула во 11.то финале, а последна ја освои во 2009 година, додека лани беше поразена од Виланова. Гонзага го играше своето прво финале. Натпреварот го следеа 76.168 гледачи.
Најефикасен на дуелот беше Џоел Бери од Северна Каролина со 22 поена, кој воедно го доби и признанието МВП. Во екипата на Гонзага најдобар играч беше Најџел Вилијамс – Гос со 15 поени и 9 скокови.
За тренерот на шампионот Рој Вилијамс ова беше четврто финале и по третпат успева да триумфира.
Повеќе титули од Северна Каролина имаат само УКЛА – 11 и Кентаки – 8.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер