Кина основа нова економска зона вон Пекинг
Кина ќе оформи нова економска зона вон Пекинг слична на оние кои се во Шенџен и Шангај, соопшти кинеската Влада.
Новата област што се наоѓа на 100 км југозападно од центарот на Пекинг, ќе биде ривал на јужната специјална економска зона Шенџен, од 80-те години, и зоната Пудонг во Шангај, основана во 90-те години од минатиот век.
Тој потег претставува голема историска и стратешка одлука на ЦК на КП на Кина и на кинескиот претседател Си Џинпинг, јави Синхуа.
Сместена меѓу Пекинг и пристанишниот град Тјенцин и главниот град на покраината Хебеј, Шиѓаџуанг, зоната ќе биде проширена на 2.000 квадратни километри, се вели во соопштение.
Според западни медиуми, тоа последен во низата обиди на Кина да го редуцира сообраќајот, намали загаденост на воздухот и раст на жителите во пренаселениот Пекинг. Кинеските власти се надеваат дека таа зона ќе биде нов центар за раст во втората по големина економија во светот.
Ново на Сител
-
Актвини пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце
-
ЦУК: Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани 33 пожари на отворен простор
-
Осум млади луѓе приведени за тепачка среде Тетово, еден од нив е повреден
-
Приведени три лица од Ресен, прегазиле и физички нападнале полициски службеници
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол