-->
-->
НБА лига: Победа на Портланд над Денвер, Харден со „трипл-дабл“
-->
Џејмс Харден од Хјустон стана првиот кошракар во НБА лигата кој во една сезона постигнал повеќе од 2.000 поени и им асистирал на соиграчите за повеќе од 2.000 поени. Харден против Голден Стејт стигна до 24 поени, 11 скока и 13 асистенции за нов трипл дабл. Најефикасен беше Стеф Кари со 32 поена во победата на Голден Стејт со 113:106. Во директниот дуел за 8.место на Запад Портланд го победи Денвер со 122:113 и на осум дуели пред крајот има победа повеќе и пораз помалку. Најдобар поединец на дуелот беше Јусуф Нуркиќ со 33 поени и 16 скокви за победникот против неговиот поранешен тим Денвер. Од другите дуели извојуваме дека Атланта конечно ја прекина серијата од седум порази по ред, а Мајами го победи Детроит со кош во последните секунди. Пласман во плеј офот имаат обезбедено девет екипи.
Резултати на средбите во НБА лигата одиграни ноќеска:
Шарлот – Милвоки 108:118,
Индијана – Минесота 114:115,
Атланта – Феникс 95:91,
Бруклин – Филаделфија 101:106,
Детроит – Мајами 96:97,
Хјустон – Голден Стејт 106:113,
Портланд – Денвер 122:113 и
ЛА Лејкерс – Вашингтон 108:119.
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 60-14 (победи-порази), Сан Антонио 57-16, Хјустон 51-23, Јута 45-29, ЛА Клиперс 44-31, Оклахома Сити 42-31, Мемфис 40-34, Портланд 36-38,...
Пласман Источна конференција: Бостон 48-26, Кливленд 47-26, Вашингтон 46-28, Торонто 45-29, Атланта 38-36, Милвоки 38-36, Индијана 37-37, Мајами 36-38,...
Екипите кои се со болдирани букви имаат обезбедено плеј оф.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.