Најголемата брана во Сирија делумно урната
Табка, најголемата брана на Еуфрат во Сирија, делумно е урната во борбата меѓу коалицијата на Демократските сили на Сирија и Исламска држава, јави либанската телевизија Мајадин, додека во меѓувреме пристигнаа различни информации за тоа дали почнала евакуацијата на луѓето од Рака, поради загриженоста околу нејзината стабилност.
Коалициските сили, предводени од САД соопштија дека конструкцијата на браната е стабилна и дека дошло до нејзино оштетување.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека не се врши евакуација на луѓето од Рака, додека медумскиот центар Рака 24 јавува дека техничарите, кои ги вработиле екстремистите, го отстраниле дефектот и оти браната функционира нормално.
Хидроцентралата Табка е изградена на почетокот на ’70-те години со помош на советски експерти. Таа го содржи најголемиот резервоар на вода во земјата.
Повикувајќи се на добро информирани извори, телевизијата претходно јави дека централата престанала со работа по дефектот на центарот за управување. Како што изјави извор на телевизијата причината е воздушен напад или артилериски напад.
Арапско-курдските Демократски сили на Сирија се наоѓаат на растојание од најмалку четири километри од браната. Нивната следна цел е освојување на Табка, последно големо упориште на ИД на патот кон Рака.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот