-->
-->
Велешани ќе имаат доволно вода во претстојното лето
-->
Граѓаните на Велес кои се снабдуваат со вода од ЈП Хидросистемот „Лисиче“ во претстојното лето ќе имаат доволни количества вода за пиење и останати потреби. Ова го потврди Боби Пановски директор на ЈП ХС „Лисиче“од Велес.
- По топењето на снеговите од масивот на планината Јакупица, нивото во Езерото од акумалацијата „Лисиче“ е покачено за повеќе од пет метри што значи дека граѓаните на Велес ќе имаат доволно количества вода во претстојното лето. На северните страни од планината се уште има снег и топењето трае до средината на мај, односно почетокот на јуни во зависност од временските услови, а што значи дека акумулацијата и понатаму се надополнува со нови свежи количества вода, информира Пановски.
Тој воедно информира дека вчерашната кота на акумулацијата е 411,85 метри н.в. што значи дека до највисоката кота од 423,00 метри н.в., за понатамошно надополнување со вода остануваат празни уште 11,15 метри.
Инаку од акумулацијата на ХС „Лисиче“ со понатамошно прочистување на водата во Филтер станицата односно Фабриката за вода во Велес, со квалитетна и здрава вода се снабдуваат околу 60 илјади жители на Велес и околните населени мести, а што е и приоритетно во нејзината работа, велат од ХС „Лисиче“.
Воедно информираат дека од оваа акумулирана вода од ХС „Лисиче“ се наводнуваат и земјоделските површини на земјоделците во реонот на Општина Чашка каде што се наоѓа ХС „Лисиче“.
ХС „Лисиче“ беше пуштен во употреба во септември 2007 година ,а се изгради во најголем дел со самопридонес на граѓаните на Велес. Изградбата на акумулацијата со сите придружни зафати и водозафатната кула, започна да се гради во 1987 година и изградбата траеше цели 20 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО