Груевски во посета на Горно и Долно Лисиче
Жителите од скопските населени места Аеродром, Горно и Долно Лисиче денеска на средбите со премиерот Никола Груевски ја истакнаа благодарноста за изградбата на водоводната и канализациската мрежа, како и за градежните зафати кои сега се преземаат, а беше договорено оваа година да се проектира, а следната година да се гради и друга улица.
Во врска со барањето на граѓаните за училиште во овој дел на Аеродром премиерот кажа дека е запознат со проблемот за кој разговарале и со заменик министерот и граѓаните беа информирани дека наредната година ќе се отпочне со изработка на проект по што до крај на 2016 ќе се започне со градба на училиштето „Димитар Македонски“.
Граѓаните од Горно Лисиче на средбите со премиерот благодарни за инвестициите кои се реализираа во оваа населба, посочија за проблемот со каналот кој и покрај тоа што лани бил чистен сепак има проблем за што беше договорено градоначалникот на Скопје да земе обврска за чистење на истиот и постојан надзор во работата.
Во однос на поплаките на одредени жители за проблеми со водоснабдувањето во повисоките реони на Горно Лисиче беше договорено екипи од Водовод веднаш да извршат увид на лице место и да се преземат потребните мерки во интерес на граѓаните.
На барање на жителите на Долно Лисиче за поинтензивно сообраќање на автобуската линија 33 беше договорен состанок во понеделник со претставници на жителите и ЈСП.
За улиците 1 и 2 беше договорено наредната година да започне реализацијата на изградба на канализација и санација на училиштата. Во понеделник е договорен состанок со градоначалникот Ивица Коневски за усогласување на пресметката за комуналии која ја плаќаат граѓаните.
На крајот од посетата Груевски го посети земјоделско стопанство во Долно Лисиче кое е корисник на средства од Владата, поддршка преку субвенции и преку земјоделска механизација.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија