Семинар за правата на децата со попреченост
Децата со попреченост низ лупата на Конвенцијата на ОН за правата на лица со попреченост, e тема на националниот семинар што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ), во соработка со Европскиот форум за попреченост (ЕДФ) и УНИЦЕФ.
Семинарот е во рамки на проектот „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“ финансиран од ЕУ и кофинансиран и имплементиран од УНИЦЕФ, заедно со ЕДФ.
- Децата со попреченост имаат потреба од сеопфатна и флексибилна поддршка за да учествуваат во општеството на еднаква основа со другите деца. Иако е направен значителен прогрес на ниво на регулаторната рамка, децата со попреченост се уште се соочуваат со значителни тешкотии во пристапот кон достапни и квалитетни сервисни служби. Исто така, насилството е секојдневна реалност за стотици деца во земјите во Југоисточна Европа, соопшти Националниот совет на инвалидски организации.
На семинарот ќе се обрати министерот за труд и социјална политкка Ибрахим Ибрахими.
Ново на Сител
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје