Еквадор избира наследник на досегашниот претседател Рафаел Кореа
Во Еквадор денеска се одржуваат претседателски избори на кои треба да се избере наследник на досегашниот левичарски и популистички претседател Рафаел Кореа кој десет години е на функцијата и нема повеќе право да се кандидира.
Битката се води межу левиарскиот кандидат Ленин Морено кој до 2013 година беше еквадорски потпретседател и десноцентристичкиот кандидат Гиљермо Ласо кој агитираше за намалување на буџетското трошење, што еше основа на популистичкото владеење на Кореа и скратување на даноцоте.
За победа во првиот круг, потребно е еден од кандидатите да освои 40 отсто од гласовите.
Анкетите о Еквадор покажуваат дека Ленин Морено би можел да добие најмногу гласови , но тие неа да бидат доволни за победа во првиот круг и за одбегнување на вториот круг кога тој нема да биде фаворит.
Неговиот главен противкандидат Ласо, кој сосема малку заостанува зад Морено, е поранешен банкар кој ветува милиони работни места.
Во текот на својата предизборна кампања Ласо најави дека доколку биде избран за претседател ке му го укине политичкиот азил што Рафаел Кореа му го додели на основачот на Викиликс, поранеше австралиски хакер, Џулијан Асанж кој од 2012 година е во самоегзил во еквадорската амбасада во Лондон, каде побегна и се сокри за да не биде екстрадиран во Шведска.
Ново на Сител
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот
-
Руте: Путин знае дека ќе изгуби ако го нападне НАТО
-
Оружје пронајдено во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба
-
Малолетник прободен со нож во автобус на ЈСП
-
87-годишна жена измамена за 6 илјади евра
-
Нападната малолетничка во Чаир - настанот бил снимен и објавен на социјалните мрежи
-
Родителите на Пешева задоволни од пресудата доживотен затвор за убиецот на нивната ќерка