Девојка речиси ослепела од козметика: Вриштев од болка
Тајла Дури на Фејсбук објави шокантни фотографии од своето лице, по обидот сама да си ги исфарба веѓите.
Само неколку часа по нанесувањето на смесата, лицето и потекло, а очите и се наполниле со гној. Кожата околу веѓите буквално и изгорела, а трепките почнале да и отпаѓаат.
„Се разбудив речиси слепа. Очите ми беа како два балони, а лицето целосно отечено. Почнав да плачам и да врескам“, напиша таа во Фејсбук статусот.
Тајла заврши во болница зошто не го направила обврзувачкиот тест кој секој производител на фарба го препорачува, а тоа е 24 часа пред апликацијата на производот мало количество да се нанесе на некој дел од телото. Поради тоа завршила со хемиски изгореници, и може да се смета за среќна што не го загубила видот.
„Поминав низ пекол поради малку фарбана трепките и веѓите. Никогаш повеќе нема да ставам фарба на себе. Тестот не го направив зошто не го прави ниту една жена во моето семејство, па и јас мислев дека никој од нас не е склон кон алергиски реакции“, вели Тајла.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје