Драма во Америка: Попушти најголемата брана, итна евакуација на населението
Жителите кои живеат низводно највисоката брана во САД, во близина на градот Оровил во северна Калифорнија, итно се евакуирани откако властите јавиле дека браната може да попушти поради пукнатините што се отвориле од силниот притисок на водата што се собрала по обилните врнежи.
- За околу 130.000 жители наредена е итна евакуација во регионот низводно браната, наведе локалниот шериф на социјалните мрежи, нагласувајќи повеќепати дека не станува збор за вежба.
Калифорнискиот Завод за водни ресурси објави на Твитер вчера околу 16.30 часот по локално време, оти се предвидува дека браната ќе попушти во наредните неколку часови.
Количината на водата во петокот била помала од два метри од врвот на браната, а пораснала поради големиот дожд и снег што следеа по тешката суша во Калифорнија.
Калифорнискиот гувернер Џери Браун поради поплавата и свлечиштата од Сојузната служба за вонредни состојби побара да се воведе елементарна непогода.
Инженерите уште во четвртокот почнале да испуштаат вода од акумулациското езеро спротиводно од браната, забележувајќи дека на еден дел недостасуваат големи парчиња бетон. Дупката која се појави со текот на времето се прошири, па властите очекуваат наскоро да се урне тој дел од браната, иако до пред два дена тврдеа дека нема никаква опасност.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени