Бесплатен јавен превоз во Скопје
Град Скопје воведe бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје се до моментот на намалување на аерозагадувањето.
Превозот, како што соопшти скопскиот градоначалник Коце Трајановски, ќе биде бесплатен се додека аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.
Град Скопје заедно со општините ќе ја интензивира контролата на градилиштата и ЈП „Комунална хигиена“ ќе продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари.
Овие мерки и препораките кои ги донесе Трајановски се во согласност со Законот за намалување на амбиенталниот воздух и во рамки на ингеренциите што ги има како градоначалник на Град Скопје.
Трајановски апелира до вработените во Град Скопје да доаѓаат на работа со автобус и службените возила да ги користи исклучиво градскиот инспекторат.
Доколку дозволат временските услови Град Скопје ќе продолжи да ги прска градските улици со средството калциум магнезиум ацетат.
Град Скопје и јавните градски претпријатија ќе ги ослободат од работа лицата над 60-годишна возраст, лицата со хронични заболувања и бремените жени.
Скопскиот градоначалник побара од Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите за почитување на забраната за движење тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Град Скопје и да се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.
- Овие мерки и препораки ќе важат се до надминување на настанатата ситуација со загадувањето на воздухот, односно до намалување на загадувањето под прагот на алармирање, нагласи Трајановски.
Ново на Сител
-
Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција
-
Приведен кавадарчанец за нанесена тешка повреда на неговиот син
-
Студија на ОН: Се зголемуваат ризиците за мигрантите во Медитеранот
-
МВР: 223 возачи казнети за брзо возење
-
Вучиќ за пишувањето на Нова: Се што е напишано е лага, имаме многу фер односи со Русија
-
Би-Би-Си: Се очекува Сунак со следните неколку часа и формално да поднесе оставка пред кралот Чарлс
-
Мицкоски најави нова инвестиција со која ќе бидат вработени над 110 граѓани
-
Пронајдени стари неексплодирани убојни средства гевгелиско, во близина на границата со Грција