Македонија со најорганизиран штанд на саемот за туризам во Истанбул
Македонија е добитник на наградата за најорганизиран штанд на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција, еден од петте најголемите и најпосетени интернационални саеми за туризам во светот.
- Во конкуренција од повеќе од 80 држави и над 5.000 институции лоцирани во 12 хали, штандот на Македонија е прогласен за најорганизиран за 2017 година на 21-от саем за туризам во Истанбул. Саемот во Истанбул беше посетен од 46.670 посетители во периодот од 26 до 29 јануари годинава, а присутни беа 450 тур-оператори од 55 земји, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Оттаму нагласуваат дека во Истанбул ја презентирале природата, културата и отоманските споменици во Македонија, вклучувајќи ги и македонската традиција и туристичките посети на градовите.
- Штандот на Македонија беше посетен од турскиот министер за култура и туризам Наби Авци, како и од генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи кои искажаа задоволство од учеството на Македонија на саемот и ги потенцираа најзините природни убавини споделувајќи ги личните импресии, посочуваат од Агенцијата.
На штандот на Република Македонија во Турција, ко-егзибитори беа македонските тур-оператори Бадемтур, Генерал Турист, Фибула, Балкантиме и Вардар Експрес, а штандот го посетија и македонскиот амбасадор во Турција Живко Муцунски, конзулот Синиша Иванковиќ, и економскиот промотор Филиз Вели.
Лани Македонија ја зема првата награда за пријателство на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција.
Ново на Сител
-
Пукање на автопатот Тетово - Скопје
-
Рибочуварка на Тиквешко Езеро физички нападната од три лица
-
Во Атина уапсени две лица кои пуштале во продажба ковид тестови и медицински маски со изменет рок
-
Фамелос: Ратификацијата на меморандумите ќе ја унапредеше соработката
-
Викендов променливо облачно, наместа нестабилно со дожд и грмежи
-
Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС
-
На ГП Табановце влегле и излегле над 18.000, на ГП Богородица скоро 16.000 патници од 10 вчера до 10 утрово
-
Џафери: Значењето на светите браќа Кирил и Методиј е безвременско и обврзувачко, секој да го најде патот и да се вложи во напредокот