-->
-->
Украдени две звона од манастирот „Свети Пантелејмон“ во село Пантелеј Кочанско
-->
Две црковни звона изработени од месинг од по 70 килограми сместени на камбанаријата во манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ во селото Пантелеј Кочанско се украдени. Непознат сторител или сторители кражбата ја извршил во перидот од 20 и 21 јануари, а случајот бил забележан од домакинот на црквата и пријавен во кочанската полиција вчера попладне.
Ова денеска ни беше потврдено и од надлежните свештеници од Кочанското архиерејско намесништво во чиј состав се наоѓа манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ во селото Пантелеј.
-Украдени се две звона од камбанаријата во манастирот и е направена голема материјална штета. Звоната се однесени во непознат правец, а за кражбата се известени и полицијата во Кочани и сите складови кои откупуваат старо железо. Со ова е направено скрнавење на значаен верски објект од христијанството, ни изјави Димитар Арсовски, ѓакон во кочанскиот храм „Св.Великомаченик Горги“.
Според евиденцијата во манастирската архива звоната се со мошне стар датум и датираат од 1871 година кога всушност е и градена црквата посветена на Свети Пантелејмон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами