-->
-->
Оман прими 10 затвореници од Гвантанамо
-->
Оман денеска соопшти дека примил 10 затвореници од американскиот воен затвор Гвантанамо. Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Оман се наведува дека излегле во пресрет на американското барање за помош во решавањето на прашањето за затворениците од Гвантанамо.
Се уште актуелниот претседател Барак Обама сака да се намали бројот на затвореници во тој американски затвор на Куба.
Американските власти во меѓувреме соопштија дека 19 од преостанатите 55 затвореници наскоро ќе бидат ослободени.
Новиот американски претседател Доналд Трамп смета дека треба не само да се задржи тој зтавор, туку и да се „наполни со лоши момци“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект