Песков: Подготвени сме за дијалог за нормализација на односите со САД
Москва е подготвена за дијалог со Вашингтон за нормализирање на билатералните односи, дури и во услови на санкции, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој оцени дека билатералните односи моментно се наоѓаат „на најниско ниво и за нивна нормализација постојат целосно поинакви формати“.
- Секако, санкциите се елемент кој многу негативно влијае на билатералните односи. Но, сепак, дури и во такви услови, Москва би ги поздравила сите можности за дијалог и е подготвена за тоа, истакна Песков.
Според него, предложениот закон во американскиот Сенат за воведување санкции против Русија поради обвинувањата дека се обидела да влијае врз американските претседателски избори, претставува обид уште повеќе да им се наштети на односите меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата