Коледарската литија стана традиција во Преспа
Околу 250 деца од Ресен со импровизираната пештера во која се родил Исус Христос денеска продефилираа низ градските улици, пеејќи ја коледарската песна „Вечниот Бог“ со што по втор пат во Преспа да се одржи свечена коледарска литија.
Настанот се одржа под покровителство на градоначалникот Ѓоко Стрезовски, а во организација на општина Ресен и ресенското архиерејско намесништво на Македонската православна црква. Почна во храмот „Свети Кирил и Методиј“, а се движеше низ улиците „Борис Кидрич“, „29 Ноември“, „11 Октомври“ и плоштадот „Цар Самоил“. Заврши во општина Ресен, каде градоначалникот им подели бижиќни пакетчиња на учесниците.
- Коледарската литија во организација на Преспанското намесништво се одржува по втор пат во Ресен и се надевам дека во духот на славење на нашата традиција ќе продолжи и во иднина. Општината секогаш ќе го помага овој настан во насока на потенцирање на нашите традиционални вредности и во духот на меѓусебното разбирање и почитување, рече Стрезовски.
По приемот во општината беше организран заеднички ручек за сите деца, преспанското намесништво и градоначалникот.
Прв пат коледарска литија низ ресенските улици се одржа минатата година кога околу 150 дечиња со песната „Вечниот Бог“ продефилираа низ улиците во градот
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница