-->
-->
ЕУРО 2016 - квалификации: Македонија гостува на Луксембург
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска отпатува за Луксембург каде утре го игра натпреварот од 7.коло од групата Ц од квалификациите за ЕУРО 2016. Селекторот Љубинко Друловиќ од понеделникот одржа неколку трининзи, а повредите и отказите направија тој да повика нови играчи. Сепак едно беше јасно дека Македонија мора да оди на победа на гостувањето против Луксембург, во пресрет на дуелот со Шпанија што на 8.септември се игра во Скопје.
Пред заминувањето селекторот изјави:
- Потребна е максимална концентрација на првиот дуел. Луксембург е селекција која напредува од година во година. Потребни се три бодови. За мене е поважен дуелот со Луксембург. Треба да се стави акцент на овој дуел и да се постигне победа и да се одигра добро за да имаме добра атмосфера за дуелот со Шпанија во Скопје на денот на Независноста.
На овој дуел Друловиќ нема да може да смета и на Ферхан Хасани, кој на последниот тренинг доби и повреда, но Хасни нема право на настап во Луксембург поради црвениот картон добие на дуелот со Словачка. Според најавите од нашиот табор Хасани ќе биде подготвен до вторник за натпреварот со Шпанија.
Натпреварот Луксембург – Македонија се игра утре со почеток во 18 часот, а нашите фудбалери ќе одржат и еден тренинг во Луксембург.
Од нашата група се играат и дуелите: Украина – Белорусија и Шпанија – Словачка.
Табела: Словачка 18 бодови, Шпанија 15, Украина 12, Белорусија 4, Македонија 3, Луксембург 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови земјотреси регистрирани во морскиот дел во близина на грчкиот остров Санторини
-
Во сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“
-
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
-
Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
-
Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода
-
Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“
-
Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот
-
Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин