Нуркачите први ја честитаа Новата година: Подводна елка атракција на дното на Охридското езеро
Охридските нуркачи и годинава кај Заливот на коските во ледената вода на Охридското езеро, ја продолжија 15 години долгата традиција и накитија новогодишна елка и први си честитаа Нова година.
Новогодишната елка која се гледа и од површината на водата, е поставена на длабочина од околу 4 метри. Во нејзиното китење учествуваа членовите на нуркачкиот клуб „Амфора“ и клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија.
Китењето на подводната елка охридските нуркачи и оваа година им го посветија на децата со ретки болести.
Ним им помагаа и најмладите членови на овие нуркачки клубови, а за награда од Дедо Мраз добија подароци и пакетчиња.

-Упативме апел за помош и под вода извадивме знаме со поддршка за децата со ретки болести. Ние од клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот клуб „Анфора“ први под вода со шампањско во рака си ја честитавме Новата 2017 година. На сите граѓани им посакуваме многу здраве, успех и подобар живот, рече д-р Горан Балески од клубот за подводни активности „Охрид“.

Новогодишната елка во Охридското езеро стана своевидна туристичка атракција, така што речиси да нема жители и посетители кои престојуваат во древниот град, а не го виделе ова чудо под вода.

Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш