Принцот Чарлс предупреди на опасноста од религиозните прогонувања
Британскиот престолонаследник , принцот Чарлс предупреди денеска на заканата - религиозните прогонувња да предизвикаат повторување на стравотиите од минатите времиња.
Во својата божикна порака, преку радио Би-Би-Си, Черлс рече дека растежот на популизмот и агресивноста на популистичките групи кон малцинските религии, претставуваат длабоко вознемирувачко ехо на мрачните времиња од триесетите години на 20 век.
Тој побара од лугето да имаат почит кон оние со поинаква религија и вероисповест, потенцирајќи дека религиозната слобода ,за некои верници, честопати е избор меѓу животот и смрта.
Изминатите недели, принцот се сретнал со еден езуитски свештеник од Сирија кој му ги опишувал прогните на христијаните, кои поради тоа мораат да избегаат од својата земја и од своите домови.
Свешетеникот го информирал принцот за масовните киднапирања на христијаните, што предизвикува масовен страв кај верниците па тој предвидува дека во рок од пет години би можело да се случи во Ирак да нема повеќе христијани.
Според британскиот принц, религиозните прогонувања се раширени насекаде низ светот и со тоа не се опфатени само христијаните, туку и припадници на други, помали религиозни групи.
- Роден сум по Втората светска војна, кога генерацијата на нашите родители се бореше против настојувањето да се истребат Евреите од Европа. 70 години подоцна, се уште гледаме како злото на прогонувањето не е исчезнато, вели Чарлс во својата порака.
Тој потсети дека и пророкот Мухамед емигрирал од Мека и од Медина затоа што барал слободи за себе и за своите религиозни следбеници.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје