Свечено собрание и промоција на монографија по повод 70 години ИИМ
Инженерската институција на Македонија (ИИМ) со свечено собрание, на кое 20 здуженија и сојузи потпишаа Декларација за заедничко дејствување во стимулирање и координирање на развојот на науката и новите технологии во сите инженерски дисциплини и со промоција на монографијата „Инженерство – мотивација – инспирација“ денеска во Скопје ја одбележа 70-годишнината од постоењето.
- Основната цел на Декларацијата е заеднички интердисциплинарно да дејствуваме во развојот на новите технологии, науката и образованието во Република Македонија, изјави проф. д-р Христина Спасевска, претседател на ИИМ пред почетокот на собранието.
Таа нагласи дека ИИМ е најстарата струкова професонална организација во Македонија која ги обединува инженерите од сите профили.
- Инженерскиот начин на размислување, навиките за работа и прецизноста во реализација на проектни активности, дава можност да гледаме чекор напред дека се е менливо и дека и покрај се треба да бидеме свртени кон иднината, затоа што токму ние, наставниците и професионалците во компаниите, сме должни да им помогнеме на нашите млади кадри во трасирање на патиштата пред нив. Само со заедничко дејствување ќе може да се наметнеме во средината и да ја подобриме општествената клима за инженерската фела, рече Спасевска на собранието.
Порача дека ИМИ, со сите свои капацитети, ќе работи, преку иницирање активности, да се создадат услови за суштинска соработка меѓу членовите на Институцијата.
Професор д-р Грозде Алексовски, претставник на Управниот одбор на ИИМ и промотор на Монографијата посочи дека нејзината цел е да не се заборават работите од минатото, но и да биде поткрепа за младите инженери да го продолжат она што го направиле нивните претходници.
- Монографијата е траен запис за развојот на инженерството во Македонија, рече Алексовски и нагласи дека ИИМ имала различни називи, но мисијата и визијата биле исти.
Официјален датум за формирање на Инженерската институција на Македонија е 25.12.1946 година. ИМИ ја сочинуваат 20 членки, непрофитни здруженија и стручни сојузи на инженери од сите гранки.
Ново на Сител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва
-
Пентагон: Украина доби можност да обучува и одржува борбени авиони Ф-16
-
Антонели ја освои пол-позицијата во квалификациите за ГН на Мајами
-
Дваесет и еден кандидат за нов македонски судија во Судот во Стразбур
-
Три лица осомничени за тешка кражба од казино во Бутел
-
Кавадарчанец фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект