Мртов пијан ги расекол со нож родителите на сопругата
Синоќа во 19.10 часот во Полициската Станица Куманово од страна на С.С.(1989), сосед на семејството на Б.Д. и Ј.Д. било пријавено дека во домот на оштетените дошол нивниот зет Б.С. од село Табановце. Б.С бил во видно алкохолизирана состојба и првин ја скршил влезната врата, по што откако влегол во домот на Б.Д. и Ј.Д. почнал со расправија, барајки ја наводно неговата сопруга.
Веднаш потоа со употреба на нож на Б.Д. и Ј.Д. им направил исекотини во пределот на рацете, а на Ј.Д. исекотини на левата страна од вратот. Оштетените успеале да избегаат од дома кај соседот, додека Б.С. останал внатре и со истиот нож се самопвредил.
Откако соседот видел дека Б.С. е легнат во ходникот веднаш повикал и брза помош по што е однесен во Ургентниот центар во Општата болница Куманово, а потоа поради сериозноста на повредата е префрлен на Клиничкиот центар во Скопје.
По овластување на јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Вујко убил внук и татко на внук по што се самоубил во Прилеп
-
Венчавка на младенците на Галичката свадба
-
Сончево и топло, максимална температура до 38 степени
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили