Јакимовски: Заев е губитник на овие избори
Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски, се обрати пред насопбраниот народ пред Државната Изборна Комисија и порача: No pasaran, потенцирајки дека веќе е доста да им се попушта на Заев и СДСМ и дека треба да помират оти ги изгубиле изборите.
– Како во Америка еден глас е губење на избори? Ние сме криви на глава ни се качија. Не смее повеќе да се попушта. Нема мандат за попуштање. Груевски доби поддршка од сите. Оддржа високо ниво на рејтинг. Кај црвените кмери нема чесност. 1992 година направија Влада со манипулација, 1994 фалсификуваа избори, тепаа народ. Со манипулации дојдоа на власт. 2002 направија манипулаци со војната во 2001 и влегоа во широка коалиција. Не сме подготвени повеќе да попуштаме, не смееме. Во оваа трка Заев користеше не дозволен допинг со пари од надвор. Нема доблест да признеа дека загубил. Тој е губитник на овие избори и ништо повеќе од тоа. Ние не сакаме кавга со нашите браќа албанци. Оној што добил најмногу гласови тој треба да ја формира владата. Груевски и ВМРО – ДПМНЕ во 2014 година имале чиста победа. Во овие двеипол години СДСМ циркуз направија за да докажат дека имало манипулации,но историјата ќе потврди кој предал, а кој стои над националните интереси. Да сме цвртси да не дозволиме попуштање, порача Стевче Јакимовски пред насобраниот народ пред ДИК.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот