Во парламентот на Турција ќе биде поднесена уставна реформа за воведување претседателски систем
Уставната реформа со која ќе се бара воведување претседателски систем на управување во Турција ќе биде денеска поднесена во парламентот, најави премиерот Бинали Јилдирим.
Предлогот треба да добие одобрување од најмалку 330 пратеници од вкупно 550 за да биде предложен на референдум. Владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата за националистичка акција кои го поддржуваат текстот, имаат вкупно 355 гласови во парламентот.
Вицепремиерот Нуретин Џаникли изјави дека референдумот најверојатно би бил организиран во март или април.
По изборот на функцијата претседател на државата во август 2014 година, Реџеп Таип Ердоган постојано повикуваше за реформа на Уставот со цел воведување претседателски систем.
– Ако Алах сака, претседателскиот систем ќе стави крај на период на владини коалиции и ќе и даде на Турција силна извршна власт, нагласи Јилдирим.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка