Конференција „Озеленување на балканските економии“
Конференција на тема „Озеленување на балканските економии“ денеска и утре ќе се одржи во Скопје, во организација на Демократската обнова на Македонија и Балканската мрежа на зелени партии, во соработка со Европската зелена партија.
Учесниците ќе споделат добри практики и ќе разменат искуства за потенцијалите за отворање нови зелени работни места во регионот. Ќе се дискутира и за воведување правичен данок, како предуслов за озеленување на домашните економии. Тоа се алтернативните политики кои на Балканот му ги нудат зелените партии.
На конференцијата ќе учествуваат претставници од Европската зелена партија, од зелените партии од Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Црна Гора, Србија и Турција, како и од Мрежата за соработка и развој на Источна Европа. Од Македонија, како што најавија организаторитте, поканети се политичари, граѓански активисти, експерти и претставници на институциите.
Меѓу говорниците на конференцијата се и политичари и активисти од Европа и Македонија, меѓу кои и Евелин Хајтеброк, поранешна белгиска министерска за животна средина, а сега членка на Извршниот одбор на Европската Зелена партија, Ведран Хорват, поранешен директор на Фондацијата „Хајнрих Бел“, како и претставник од Гринпис за Источна Европа.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска