Влатко Ѓорчев на средби со граѓани во Тетово и Гостивар
Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО - ДПМНЕ за шестата изборна единица Влатко Ѓорчев вечерва присуствуваше на отворањето на регионалниот изборен штаб во тетовска населба Мала станица. Ѓорчев тука пристигна откако претходно го посети Гостивар и околината.
- На единаестти декември вечерта тука на ова место очекуваме да имаме одлични резултати, очекуваме шеесет и три пратеници за стабилноста на Македонија , за унитарноста на Македонија, за уставниот поредок на Република Македонија и едноставно да пратиме порака дека и западниот и источниот дел на Македонија и Скопје и сите други делови на Македонија цврсто стојат на она што се нарекува македонска државност, изјави Ѓорчев, кој претходно беше во посета на Гостивар и околината.
Главни теми за разговор со граѓаните, според Ѓорчев, и денеска биле зачувување на уставниот поредок на државата и економскиот развој.
- Денеска посетив огромен број куќи, станови, домаќинства и дуќани во населбата Циглана и на кејот во Гостивар, на неколку други места и потоа во Тетово. Приемот е навистина одличен меѓу граѓаните и можам да ви кажам дека нив најмногу ги интересираат две работи-првата е зачувување на уставниот поредок и унитарниот карактер на државата, а втората е економски напредок, повеќе конкретни проекти за кои знаат дека ќе бидат реализирани. Мислам дека во тој дел ја имаме најобемната, најдобра програма досега и еден по еден ги претставуваме тие проекти рече Ѓорчев.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска