Отворени денови на Управата за имотно правни работи и Катастарот во Росоман
Тимови на Управата за имотно-правни работи и на Агенцијата за катастар на недвижности денеска одржуваат средби со жители на Росоман, во рамки на годинашните Отворени денови посветени на прашања и проблеми поврзани со имотно правни работи.
Според директорот на Управата за имотно правни работи Зоран Крстановски, интересот од жителите на Росоман е голем при што најмногу се интересираат за прашања од областа на земјодлеството.
- Проблемите со коишто се соочуваат граѓаните на општина Росоман, барем од она што го имаме констатирано досега се главно поврзани со областа на земјоделството, не толку со Управата за имотно правни работи и Агенцијата за катастар на недвижности. Кога ги најавувавме овие Отворени денови ги повикавме граѓаните не само за прашања поврзани со надлежности од овие две институции, туку и за прашања кои генерално ги имаат со имотот. Колку што можеме во рамки на надлежностите и познавањата на правото да дадеме корисни совети во која постапка понатаму да продолжат за остварување на своите права, изјави Крстановски.
Како што потенцира, Управата за имотно правни работи и Агенцијата за катастар на недвижности продолжуваат со концептот за заедничко организирање Отворени денови поради позитивните ефекти од минатата година.
Годинашниот циклус Отворени денови го започнаа во Кавадарци, вчера нивните тимови беа во Неготино, а утре ќе бидат во Демир Капија. Следната недела се планирани средби во Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран.
- Екипите на Управата за имотно правни работи и Агенцијата за катастар на недвижности и во иднина ќе бидат блиску до граѓаните во функција на остварување на нивните права, рече Крстановски.
Ново на Сител
-
Наскоро возови и до Тетово, Гостивар, Штип и Кочани
-
За 14 години Албанија ја напуштиле околу 5.000 лекари и 11.000 медицински кадар
-
Министерот Муцунски во работна посета на Австралија
-
Се уште нема договор со Бугарија за заедничката изградба на тунелот на пругата од Коридорот 8
-
Денес тргнува првиот воз од Скопје за Куманово
-
Песков: Изјавата на Зеленски дека е подготвен да преговара со Русија се „празни зборови“
-
Зеленски: Повеќе од 45.000 украински војници загинаа во војната
-
Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари