Балкан
9. November 2016 - 18:31

Цеца сурово искрена за победата на Доналд Трамп и поразот на Хилари Клинтон!

Доналд Трамп e новиот претседател на Америка, а својот став за победата на овој политичар во борбата против поразената Хилари Клинтон ексклузивно за српски „Телеграф“ ја прокоментира и најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.
 
„Поради лошите искуства од периодот од 1999 година, исклучиво ми е драго поради победата на Доналд Трамп! Тој во текот на целата кампања покажа позитивен став за цела Европа и искрено се надевам и очекувам дека така и ќе остане“, изјави Цеца која добро се сеќава на 1999-та година и страдањата на невини луѓе.
„Ако го погледнете тоа искуство од времето на Бил Клинтон 1999 година, бомбардирањата, кога страдаа невини луѓе и невини деца, и за тоа никој да не реагира, тоа е злочин. Од таа причина не можам да ја прифатам политиката на Хилари Клинтон. Таа и Бил, колку што знам се се уште во брак, така да верувам дека ставовите им се исти“, искрено објасни Цеца која на големо се подготвува за спектакл, кој во сабота, на 12 ноември ќе се одржи во Нови Сад.