СДСМ ги усвои кандидатските листи за претстојните избори
СДСМ вечерва на Конгрес ги усвои кандидатските листи за пратеници за претстојните вонредни парламентарни избори што треба да се одржат на 11 декември.
Носители на листите се поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во првата изборна единица, а актуелниот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во втората изборна единица.
Во третата изборна единица носител ќе биде дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, а во четвртата изборна единица претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Потпретседателката на партијата, Радмила Шеќеринска ќе ја предводи петтата изборна единица, а портпаролот на партијата Петре Шилегов ќе биде носител на шестата изборна единица.
Претходно на отворениот дел од партискиот конгрес лидерот на СДСМ побара поддршка за предлог на пратеничката листа на СДСМ и коалициските партнери за, како што рече, историска победа за граѓанска Македонија.
- Покажуваме дека сме единствени и докажуваме дека сме искрени во определбите за суштински промени во нашата држава, за живот во Република Македонија. Овие пратенички листи отвораат место за сите. Во нив не има од различни региони, од градови и села, од различни професии, од различни етнички заедници, од секаде, од секоја пора на општеството во кое живееме. Имаме шанса да создадеме блескав парламент во кој народот ќе има глас. Тој парламент ќе избере чесна и одговорна влада на народот, а таа влада ќе гарантира место за сите во нашата РМ, истакна Заев.
Ново на Сител
-
Изречени 86 мерки за сообраќајни прекршоци во Кичево
-
Во мирување одлуката за штрајк на контролорите на летање
-
Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар
-
Голем пожар на Тасос, туристите се евакуираат
-
ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година
-
Едно лица смртно настрада во сообраќајка во близина на Охрид
-
Тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на Армијата собира податоци за воздухот во Визбегово
-
Објавен повик за бројот 116 000 за повикувачки центар за исчезнати деца