ПКК ја интензивира борбата против Турција по апсењето пратеници
Курдското малцинство во Турција треба да се „крене“ против владата, оцени политичкото крило на Курдската работничка партија (ПКК) - Сојуз на курдските општини, обвинувајќи го претседателот Реџеп Таип Ердоган дека се обидува да создаде „нов владејачки систем", пренесе ДПА.
„Курдскиот народ треба да се „крене“ во сите поголеми и помали градови... Денеска е денот за отпор. Денеска е денот да се соочиме против оние кои сакаат да го уништат самото постоење на Курдите", се наведува во соопштението објавено од прокурдската агенција Фират њуз.
Истовремено, командантот на ПКК Мурат Карајилан, преку видео порака, објавена на сајт близок до ПКК, изјави дека вооружената група ќе ја зајакне борбата против Турција по апсењата на прокурдски политичари.
Тој истакна дека е „многу важно" курдскиот народ да реагира против приведувањето пратеници од прокурдската Демократска партија на народите (ДПН).
Двајцата копретседатели на прокурдската формација, која е трета по големина политичка сила во земјата, и уште десет пратеници од ДПН беа приведени поради одбивање да сведочат за злосторства, определени како „терористичка пропаганда".
ПКК се смета за терористичка организација од страна на Турција, САД и Европската унија.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во северозападна Македонија
-
Пожар во угостителски објект во Карпош
-
24-годишник силувал малолетничка во Валандовско
-
МНР ќе побара објаснување за протерувањето на македонската државјанка од Србија
-
Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
-
Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања
-
20-годишно момче пронајдено починато во својата соба
-
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, ако има одлука ќе ги вратиме 50. милиони евра од солидарен данок, вели Мицкоски