Привремената Влада на Грција положи заклетва
Привремената Влада на Грција, која ја предводи правата жена премиер Василаку Тану, денеска положи заклетва.
Повеќето членови на новата Влада положија религиозна заклетва пред архиеписокот на Атина и цела Грција Јероним, а министерот за финансии Јоргос Хулиракис и министерот за образование Ангелики Киау положија граѓанска заклетва.
За денеска е закажана првата седница на новиот кабинет, кој има 23 министри и заменици-министри, од кои некои како министерот за финансии беа во тимот и на претходната влада на Алексис Ципрас.
Министер за надворешни работи во новата Влада ќе биде Петрос Моливијатис, министер за финансии Јоргос Хулиракис, министер за одбрана Јоанис Јангос, министер за внатрешни работи Андонис Манитакис, за административни реформи Михалис Спурдалакис, за цивилна заштита Андонис Макридимитрис, за култура Марина Ламбраки-Плака, за правда Димитрис Папангелопулос, за економија Никос Христодулакис, за образование Фросо Киау, за транспорт Христос Зоис, за труд Димитрис Мустакас, за туризам Алкистис Протопсалти, за здравство Атанасиос Димопулос, за борба против корупцијата Панајотис Николудис, додека портпарол на Владата ќе биде Родолфос Моронис.
Се очекува денеска грчкиот претседател да го распушти Парламентот и да објави предвремени парламентарни избори на 20 септември.
Потребата од одржување предвремени избори се појави кога владејачката коалиција, составена од СИРИЗА и „Независни Грци“ го загуби парламентарното мнозинство.
Откако на 20 август кабинетот на Ципрас поднесе оставка, претседателот на државата согласно Уставот додели пробни мандати за формирање влада. Обидите беа неуспешни и претседателот ја назначи претседателката на Врховниот суд, Тану за времен премиер, кој ќе управува со земјата до изборите.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО