Три нови земјотреси во Италија, сеизмолог тврди дека би можеле да траат со недели
Три нови земјотреси утрово беа регистрирани во централниот дел на Италија, од кои последниот беше со интензитет од 4,2 степена, соопшти Медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на последниот потрес се наоѓал на 124 километри североисточно од Рим и бил на длабочина од два километра под површината на земјата.
Според истакнатиот италијански сеизмолог Џанлука Валенсисе, земјотресите кои го погодија централниот дел на Италија во последните два месеца би можеле да продолжат како домино ефект, така што еден силен потрес би можел да води кон друг долж централниот Апенински систем.
Потрес со интензитет од 6,6 степени, според Рихтерова, скала ја погоди вчера оваа област, во која на 24 август загинаа 297 луѓе при земјотрес со интензитет од 6,2 степена.
Меѓу овие два земјотреса регистрирани се илјада помали потреси.
Последниот земјотрес не предизвика жртви, но беше најсилниот кој ја погодил Италија од 1980 година, една од сеизмички најактивните земји во светот.
Сеизмолог на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија истакна дека постои „геодинамичка поврзаност“ меѓу катастрофалниот земјотрес во август и сите останати кои следеа.
Валенсисе нагласи дека потресите ќе траат „уште барем неколку недели“, но не може да се процени дали во тој период ќе има уште силни земјотреси
Ново на Сител
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога