Џет-Сет
29. October 2016 - 18:06

Почувствував силен убод: Сораја гризната од змија!

Сораја престојувала на Ада Бојана, каде има куќа, кога одеднаш змија ја каснала за рака.
 
– Седеше на терасата кога во еден момент вресна на сиот глас! Веднаш дотрчавме и видовме како лежи, а до неа имаше змија. Ја одведовме во здравствен дом. Беше сосема изгубена и исплашена, раскажуваат соседите на Сораја.
 
Јас старлетата ја потврди оваа приказна.
 
– Седев на тераса на приземје и читав нешто, кога почувствував силен убод и чувство на печење во раката. Се преплашив кога видов змија на неколку сантиметри од себе. Почна да ми се врти, не знаев дали е тоа од страв или од каснувањето. Се исплашив да не е некоја отровна змија. Во болницата ми дадоа тетанус. Јас преживеав, но змијата најверојатно не, раскажала Сораја.